Во Основниот суд во Куманово денеска продолжи судскиот процес против Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства на жени и два обида за убиство.
На рочиштето сведочеше форензичкиот психијатар Стојан Бајрактаров, кој утврди дека обвинетиот нема душевна болест и е когнитивно структурирано.
Според известувањето на Вечер, Бојковски за време на распитот дал контрадикторни изјави во однос на претходните искази. Тој потврди дека убил три жени, но истовремено негира вмешаност во другите случаи.
Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека ќе ја анализира ваквата одбрана во завршните зборови, додавајќи дека во истрагата Бојковски ги признал делата и дека постојат дополнителни материјални докази.
По денешното рочиште, доказната постапка е завршена, а завршните зборови се закажани за 6 октомври.


