Од полноќ стапува на сила нова ценовна листа за горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Најзначајна промена е кај дизелот, кој ќе поевтини за 4,5 денари по литар, додека цените на бензините ќе растат за еден денар.
Според изменетите цени, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 100 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 102 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува исто 100 денари за литар.
Промена се случува и кај другите нафтени деривати. Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 сега чини 111,5 денари, со намалување од три денари. За мазутот М-1 НС е утврдена минимална цена од 49,882 денари за килограм, со намалување од 0,196 денари.
Регулаторната комисија објаснува дека прмените во цените се резултат на движењата на глобалните берзи. Бензините забележуваат мало зголемување од 0,049 отсто, додека дизелот е поевтин од 6,734 отсто. Намалувања има и кај екстра лесното масло (4,936 отсто) и мазутот (околу 1,630 отсто).
Девизниот курс, со повисока вредност на денарот во однос на доларот за 0,9522 отсто, исто така влијае на пресметката. Владата одлучи мерката за помала стапка на ДДВ, која за дизелот изнесува 10 проценти, да остане на сила до 12 октомври.


