Емил Иванов, познат како Винкуд во Македонија, објави радосни вести за својот приватен живот.
Поранешниот Јутјубер и контент-креатор сподели фотографии од романтичниот момент на социјалните мрежи. На снимките, двајцата изгледаат среќно, а Винкуд ѝ подарил букет цвеќе и потоа клекнал на колено, барајќи ја за сопруга.
Овој среќен настан привлекол големо внимание меѓу неговите следбеници, кои веднаш започнале да им упатуваат честитки на парот и да им посакуваат многу љубов и среќа во идниот живот заедно.
Споделувајќи ги фотографиите, Винкуд го открил делот од својот приватен живот, а објавата добила многу позитивни реакции.

