in

По скоро 30 години, донесена пресуда за убиството на Тупак. Осуденикот доби 40 години затвор!

По речиси три децении од смртта на познатиот рапер Тупак Шакур, судскиот процес за неговото убиство доби завршен исход. Дуeјн „Киф Д“ Дејвис беше осуден во Невада на 40 години затвор, поради убиство од прв степен.

Тупак бил застрелан на 7 септември 1996 година во Лас Вегас, додека патувал во автомобил со музичкиот продуцент Суге Најт. Нападот се случил по физичка пресметка во казиното „МГМ Гранд“, во која учествувале членови од нивната дружина и Орландо Андерсон, внук на Дејвис.

Според обвинителството, мотивот за нападот била одмазда по претходната тепачка. Дејвис се наоѓал во автомобилот од кој било испалени куршуми, но обвинението не тврдеше дека тој лично се ангажирал за пукањето, туку дека учествувал во организирањето на нападот.

Раперот бил погоден четири пати и починал шест дена подоцна, на 13 септември 1996 година, на само 25-годишна возраст.

Случајот со години остануваше неразрешен, но нова насока беше дадена по јавните изјави на Дејвис за неговата улога во настаните. Тој имал дадено изјави и во интервјуа, а во 2019 година објавил мемоари во кои се осврнал на случајот.

Дејвис беше уапсен во 2023 година, а во август 2026 година беше прогласен за виновен. И покрај пресудата, сè уште не е утврдено кое лице директно пукало кон Тупак. Дејвис најави дека ќе ја обжали пресудата.

Убиството на Тупак Шакур со децении остана една од најголемите мистерии во музичкиот свет. Новата пресуда претставува важен чекор во случајот, но многу детали за кобната ноќ во Лас Вегас и понатаму остануваат без одговор.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мирослав Илиќ во Загреб – Продадени илјадници билети за концертот во Арената!

Сергеј Четковиќ дојде во Македонија за да му оддаде почит на пријателот Панчо од ДНК