Емоциите, сеќавањата и искреното пријателство се во фокусот денес. На годишнината од трагичната смрт на македонскиот уметник Владимир Блажев – Панчо од ДНК, познатиот српски пејач Сергеј Четковиќ пристигна во Македонија за да му оддаде почит на својот пријател.
Со пројдена година без Панчо, спомените остануваат живи. Неговите песни продолжуваат да звучат, а пријателствата ги надминуваат физичките граници. Пристигнувањето на Четковиќ е потсетник на тоа дека вистинската блискост не познава граници, а почитта кон уметникот останува жива и по неговото заминување.
Во интервјуто за Хајп Македонија, Сергеј Четковиќ со многу емоции зборуваше за пријателството со Панчо, кој за него бил како брат. “Голем, голем Панчо! И покрај неговиот надимак ‘Shorty’, тој беше поголем од сите нас. Неговата душа беше преголема. Денеска, се навршува една година откако не напушти, за жал. Разговаравме за убавите работи, бидејќи тој секогаш викаше: ‘Нема тага, одиме напред, само среќа’. Затоа, секогаш ми измамува насмевка, знаејќи дека е таму горе, помирен и среќен. Знам дека еден ден ќе се сретнеме”, изјави Сергеј Четковиќ.
Зборовите на Четковиќ се сведоштво за влијанието што Панчо го имал на сите кои го познавале, поврзувајќи ги музиката и искрените емоции. Иако физички не е меѓу нас, неговата музика, енергија и спомени продолжуваат да живеат.
Денес, по една година, Панчо продолжува да биде присутен преку песните и љубовта на сите кои го осознаваат и го ценат. Неговата порака – “само среќа” – остава впечаток дека најголемото наследство што човек може да го остави се љубовта и спомените во срцата на другите.


