in

Роналдо доби казна и суспензија од Португалија

Кристијано Роналдо е казнет од Фудбалската федерација на Португалија поради напуштање на репрезентативната база без дозвола. Освен паричната казна, фудбалската ѕвезда доби и 30-дневна суспензија.

Според одлуката на Дисциплинската комисија, Роналдо ќе плати 255 евра, односно околу 285 долари. Казната следуваше по инцидентот кој се случи за време на репрезентативниот собир во Данска, кон крајот на септември.

Причината за конфликтот беше недоразбирање со селекторот Жорже Жезус за неговата улога во тимот. Роналдо се чувствуваше незадоволен откако не доби можност да настапи против Норвешка, иако се загревал, а потоа дозна дека нема да биде стартер ни на натпреварот против Данска.

По инцидентот, фудбалерот замина од кампот на репрезентацијата, по што Федерацијата иницирала дисциплинска постапка.

При определувањето на казната, земени се во предвид неговото признание, каењето и неговиот допринос во фудбалот. Роналдо веќе се извини за своите постапки и изрази подготвеност да ја прифати одговорноста.

Суспензијата, иако е 30 дена, почна да се смета од 1 октомври, што значи дека Роналдо веќе одлежал значаен дел од казната. Според последните информации, не се очекува да пропушти натпревар во следниот репрезентативен циклус во ноември, доколку биде повикан.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Милиони обиди за хакирање низ светот, веб-страници се исклучуваат поради сериозен безбедносен пропуст!

Елена „Живот со стил“ со нови луксузни чизми од „Шанел“ вредни 2.000 евра