in

Македонците вложуваат над 1 милион евра на OnlyFans во текот на годината!

Платените содржини на интернет сè повеќе стануваат дел од секојдневниот живот на корисниците, а новата анализа покажува дека оваа појава е видлива и во Македонија. Според податоците на сервисот JuicySearch, споделени од “Блумберг Адрија”, потрошувачката во периодот од декември 2024 до ноември 2025 година достигнала околу 1,6 милиони долари, што е приближно 1,4 милиони евра.

Оваа сума претставува проценка на средствата потрошени на платформата, а не комплетна евиденција на сите плаќања извршени од македонските корисници. Според истата анализа, Хрватска излегува на врвот со највисока потрошувачка во регионот, следувана од Словенија и Србија, додека Босна и Херцеговина и Црна Гора прикажуваат значително помали суми.

OnlyFans функционира на основа на модел на директна наплата за дигитални содржини, каде корисниците можат да купуваат претплати за профили, како и да плаќаат дополнителни суми за специфични објави. Иако платформата нуди разни категории автори, таа е најпозната по содржините наменети за возрасни.

Важно е да се потенцира дека овие статистики за Македонија и другите земји се само аналитички проценки. JuicySearch и неговиот сервис JuicyInsights прибираат локални информации врз основа на глобалните финансиски податоци и податоците за интернет-пребарувањата, па затоа сумите не можат да се сметаат за официјално потврдени трансакции или за точен показател за бројот на корисници кои плаќаат за содржини.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Лекар донирал бубрег на сопругата за да ѝ спаси живот, а по разводот барал да му го врати