Еден маж привлече внимание на модната писта во Њујорк, облечен во ќеса за ѓубре и капа за туширање, а никој не реагираше до моментот кога обезбедувањето започна да го брка.
Оваа необична ситуација се случи за време на модната недела во септември 2023 година, а главен актер беше американскиот јутјубер и шегаџија Фред Бајер. Тој се појави на пистата во проѕирна пластична кеса, розови шорцеви и капа, однесувајќи се како неговиот стајлинг да е нормален дел од модата.
Интересно е што публиката не реагираше веднаш и изгледаше како неговиот стајлинг да биде дел од официјалната ревија. Меѓутоа, кога стигна до крајот на пистата, обезбедувањето сфати дека не станува збор за модел и веднаш тргна по него, завршувајќи ја неговата необична прошетка.
Видеото од настанот стана вирално на социјалните мрежи, а корисниците се шегуваа, истакнувајќи колку е тенка границата помеѓу високата мода и обична ќеса за ѓубре.


