in

Маж во ќеса за ѓубре и капа за туширање прошета по модната писта во Њујорк

Еден маж привлече внимание на модната писта во Њујорк, облечен во ќеса за ѓубре и капа за туширање, а никој не реагираше до моментот кога обезбедувањето започна да го брка.

Оваа необична ситуација се случи за време на модната недела во септември 2023 година, а главен актер беше американскиот јутјубер и шегаџија Фред Бајер. Тој се појави на пистата во проѕирна пластична кеса, розови шорцеви и капа, однесувајќи се како неговиот стајлинг да е нормален дел од модата.

Интересно е што публиката не реагираше веднаш и изгледаше како неговиот стајлинг да биде дел од официјалната ревија. Меѓутоа, кога стигна до крајот на пистата, обезбедувањето сфати дека не станува збор за модел и веднаш тргна по него, завршувајќи ја неговата необична прошетка.

Видеото од настанот стана вирално на социјалните мрежи, а корисниците се шегуваа, истакнувајќи колку е тенка границата помеѓу високата мода и обична ќеса за ѓубре.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Студент од Белгија пронашол 49 златни полуги вредни 10 милиони долари и ги предал на полицијата!

Променливо облачно време во Македонија: Слаб дожд на исток, температури до 15 степени