in

Жена од Њујорк роди бебе тешко 5,9 килограми и постави болнички рекорд

Во болницата „Кајуга медикал центар“ во Итака, во американската сојузна држава Њујорк, на 31 јануари 2026 година е родено необично крупно бебе. Момчето Шон Џуниор при раѓањето тежело 5,9 килограми, со што станало најтешкото новороденче во историјата на оваа болница.

Неговите родители, Терика и Шон, рекле дека очекувале поголемо бебе, но дека вистинската тежина сепак ги изненадила. Мајката, која веќе има четири деца, на шега изјавила дека имала чувство како да ја прескокнала фазата на новороденче и веднаш добила тримесечно бебе.

Шон Џуниор уште од првите моменти по раѓањето носел облека и пелени за бебиња на возраст од три до шест месеци.

Болницата објавила и фотографија на која тој е прикажан покрај девојчето Марго, родено истиот ден, но со тежина од само 1,8 килограми. Огромната разлика меѓу двете новороденчиња привлекла големо внимание на социјалните мрежи.

Иако поставил рекорд во болницата каде што е роден, Шон Џуниор не е најтешкото новороденче досега забележано во светот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Стојне Николова блесна во гламурозно издание