in

Кристијан Корабоски обвинет за три кривични дела, обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот Кристијан Корабоски, кој е осомничен за насилен напад врз неговата 26-годишна партнерка Сара Ѓорѓиевска. Истовремено, обвинителството побара да му биде определен притвор, иако претходно бил пуштен со мерки на претпазливост.

Според обвинението, Корабоски се товари за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Во обвинението се наведува дека, при семејно насилство, тој противправно ја лишил од слобода, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја довел во состојба на загрозена сигурност.

Во текот на денот, јавниот обвинител презел дополнителни активности за расчистување на случајот. Сара била сослушана во присуство на претставници од социјалните служби, а било наредено и спроведено вештачење за да се утврдат видот и карактерот на повредите.

Заедно со обвинението, обвинителството до судот доставило и предлог за притвор, оценувајќи дека постојат околности што го оправдуваат тоа. Претходно, на Корабоски му биле одредени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана да ѝ се приближува на девојката на помалку од 50 метри, одземање на пасошот и обврска редовно да се јавува во судот.

Сега обвинителството бара построга мерка, а конечната одлука треба да ја донесе Основниот суд во Охрид.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Диџеј Калед ја изненади публиката со новиот изглед, ослабел за 34 килограми

Црвени ракови го преплавија Божиќниот Остров во Австралија во масовна годишна миграција