in

Маскирани провалници украле три автомобили од домот на Крис Хемсворт во Австралија

Домот на холивудскиот актер Крис Хемсворт во Австралија бил цел на провала, при што од имотот биле украдени три автомобили, додека семејството било во куќата.

Според австралиските медиуми, инцидентот се случил во раните утрински часови на 11 ноември на семејниот имот во Брокен Хед, во близина на Бајрон Беј. Полицијата била повикана околу 7:30 часот, откако било пријавено дека од имотот исчезнале три возила. Безбедносните камери, наводно, забележале четири маскирани лица, од кои две носеле ножеви. Тие ја прескокнале оградата и влегле во гаражата, каде што автомобилите биле паркирани, а клучевите биле оставени во нив.

Сопругата на актерот, шпанската актерка Елса Патаки, наводно се разбудила околу два часот по полноќ поради лаењето на семејните кучиња, но дури подоцна, кога ги прегледала снимките од камерите, сфатила што се случило.

Украдени биле возила од марките BYD, Ram и Ford Raptor. Австралиската полиција потврдила дека сите три автомобили подоцна биле пронајдени и запленети за форензичко испитување.

Нема пријавени повредени лица. Истрагата за провалата и кражбата е во тек, а засега нема официјална потврда за приведени осомничени лица.

Крис Хемсворт и Елса Патаки живеат во Австралија со своите три деца, а нивниот имот во близина на Бајрон Беј често се опишува како луксузна тврдина поради својата големина и изолираност.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Наследниците бараат запирање на аукцијата на слика на Ван Гог вредна 180 милиони долари

Корабоски доби 30 дена притвор поради напад врз девојка во Охрид