in

Железнички судир во Прага: 46 повредени, четворица во критична состојба

Во Прага се случи сериозна железничка несреќа во која се судрија два патнички воза, при што се повредени 46 лица. Четворица од повредените се во критична состојба.

Несреќата се случила околу 7:20 часот на железнички мост над улицата Сејфертова, во близина на главната железничка станица во чешката престолнина. Според првичните информации, возовите се движеле со релативно мала брзина кога дошло до ударот.

Меѓу повредените се и машиновозачите на двата воза. Дванаесет лица имаат повреди од среден степен, а останатите минале со полесни повреди. На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, пожарникари и спасувачки служби, кои помогнале во евакуацијата на патниците.

Министерот за транспорт Иван Беднарик изјавил дека една од можните причини е непочитување на железничкиот сигнал, односно постои сомнеж дека еден од возовите поминал на црвено светло. Безбедносниот систем реагирал и активирал итно сопирање, но тоа не било доволно за целосно да се избегне судирот.

По несреќата, железничкиот сообраќај во тој дел од градот бил привремено ограничен, а надлежните институции започнале истрага за да ги утврдат сите околности. Чешките железници најавиле и обесштетување за патниците што претрпеле повреди или материјална штета.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Никола Роквиќ ја посети спомен-куќата на Тоше Проески и се сретна со неговата мајка и сестра

Два брода потонаа во Црното Море во близина на Бугарија за два дена