in

Седумнаесетгодишен ученик влегол вооружен во училиште во Крагуевац, повредена е една вработена

Во Првото техничко училиште во Крагуевац утрово, околу 8 часот, се случил инцидент кога седумнаесетгодишен ученик влегол вооружен со малокалибарна пушка и ранил една вработена.

Според првичните, неофицијални информации, малолетникот пукал кон хигиеничарките кои во тој момент биле во ходникот и во другите простории на училиштето. Една од нив била погодена, а интервенирала полициска патрола што се наоѓала во близина и веднаш го привела ученикот.

Учениците и наставниците се безбедни, а на местото на настанот биле упатени и засилени полициски сили, припадници на Жандармеријата и екипи на Итната помош.

Повредената жена добила лекарска помош и нејзиниот живот не е во опасност. Додека форензичарите и инспекторите вршеле увид, просторот околу училиштето бил блокиран.

Засега не се познати мотивите за пукањето, а официјално соопштение се очекува од Министерството за внатрешни работи и од надлежното обвинителство.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Зошто летањето со авион е побезбедно отколку што мислат многумина

Вечерва се гледа последната супермесечина годинава, можеби и уште една на 24 декември