in

Шалева денеска ќе ги објави финалистите на TOP MODEL EUROPE

Шалева, стилистка, модна дизајнерка и директорка на модниот настан TOP MODEL EUROPE, на својот инстаграм-профил најави дека денеска ќе ги соопшти финалистите.

Таа објави дека имињата ќе ги сподели во 18 и во 19 часот на својот профил. Настанот и натпреварувањето се одвиваат во повеќе од дваесет земји, а неодамна се одржа и кастинг во Скопје, каде што младите таленти и љубителите на модата и манекенството имаа можност да ги покажат своите способности.

Шалева посочи и дека гласањето ќе биде отворено во следните неколку дена, при што секој може да гласа еднаш за еден кандидат, но има можност да се гласа и за повеќе кандидати.

Дополнително, таа нагласи дека право на гласање и коментирање ќе имаат само нејзините следбеници.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Федерално обвинение против Томас Маркл за поседување материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца

Порторико доби историска победничка: првата мајка ја освои круната на Мис Универзум