in

Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ меѓу приведените во Истанбул во истрага за наркотични средства и проституција

Актерката Дениз Чакир, која македонската публика ја знае како Ферхунде од серијата „Кога лисјата паѓаат“, е меѓу приведените познати лица од естрадата и актерскиот свет во голема полициска акција во Истанбул.

Според турските медиуми, приведувањата се дел од истрага што ја води Главното јавно обвинителство во Истанбул. Случајот се однесува на сомневања за кривични дела поврзани со наркотични средства и проституција.

Полицијата досега привела 24 осомничени, а меѓу имињата што предизвикаа најголемо внимание се пејачот и актер Озџан Дениз и актерката Бурџу Озберк.

Истрагата опфаќа повеќе сомневања, меѓу кои недозволена трговија и посредување при набавка на наркотични средства, како и активности поврзани со проституција.

За да дојдат до дополнителни сознанија, истражителите ги анализирале исказите на осомничените и сведоците, информациите од тајни извори, како и податоците од мобилни телефони и друга електронска опрема што била одземена во текот на постапката.

По приведувањето и завршените полициски проверки, 24 лица биле изведени пред надлежните правосудни органи. Засега нема детални информации за индивидуалната улога на секој од нив во случајот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

„Насилството не почнува со првиот удар“: Денес се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените

Мелани Тарчуловска со нова песна „Белег“ и нови детали