Ема Блажевска објави видео на социјалните мрежи во кое го покажа своето лице без шминка. На снимката не носи пудра, усните не ѝ се нашминкани со кармин, а на очите нема сенка.
Она што најмногу се забележува се нејзините свилени трепки. Инаку, на фотографиите и видеата што ги споделува Ема најчесто може да се види со шминка, но и без неа нејзиното лице изгледа многу негувано и чисто.
Според објавеното, Ема со шминка и без шминка изгледа речиси исто. Нејзиниот потемен тен и третманите што ги користи ѝ даваат сјаен изглед, па многумина би помислиле дека на лицето има барем пудра. Сепак, фотографијата е направена по третман на лицето и токму така изгледа Ема без шминка.
Иако многу девојки и жени не се појавуваат јавно без шминка, Ема одбра да го покаже своето природно лице, со што уште еднаш потврди дека нејзината убавина е подеднакво впечатлива и со и без шминка.


