in

Сара со видливи модринки се појави во судница, а судењето против Корабоски е одложено за 1 декември

Дваесет и шестгодишната Сара Ѓорѓиеска денеска се појави во Основниот суд во Охрид со видливи модринки на лицето, на рочиштето што требаше да го означи почетокот на судскиот процес против Кристијан Корабоски, кој е обвинет за напад врз неа. Обвинетиот не присуствуваше на рочиштето, а првото рочиште беше одложено за 1 декември.

Одложувањето е побарано поради барањата на одбраната за изземање на јавниот обвинител кој постапува во предметот, сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство во Охрид, судиите и претседателот на Основниот суд. Адвокатот Ѓоко Шајн, кој е полномошник на Сара, соопшти дека барањето за изземање на судиите е одбиено, а за останатите барања треба да одлучат надлежните повисоки институции.

Корабоски не бил во судницата, а според информациите добиени од судот, се наоѓал во притворското одделение. Шајн оцени дека со ова се одолговлекува постапката и се избегнува одговорноста на обвинетиот. Тој нагласи дека Корабоски требало да биде во судницата, како што биле присутни оштетената, јавниот обвинител и тој како нејзин полномошник.

Адвокатот, исто така, рече дека Сара сакала да биде присутна на судењето и да се соочи со обвинетиот, иако, како што посочи, претходно не била прашана дали сака да присуствува.

Кристијан Корабоски е обвинет за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при семејно насилство. Според обвинителството, нападот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по расправија што почнала во домот на обвинетиот, а продолжила во автомобил.

По настанот, Сара била хоспитализирана, а во истрагата биле обезбедени медицинска документација, вештачење на повредите и видеоснимки поврзани со случајот. На Корабоски претходно му беше определен 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичните дела. Следното рочиште е закажано за 1 декември, кога треба да продолжи постапката и да се утврдува кривичната одговорност на обвинетиот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Загрижувачки демографски податоци: во Македонија повторно има повеќе починати отколку родени