in

Скопје ѝ оддаде почит на Весна Змијанац со голем концерт за половина век на сцената

Легендарната Весна Змијанац одржа голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој одбележа 50 години успешна музичка кариера. Македонската публика уште еднаш покажа колку силна и трајна е врската со нејзината музика.

Вечерта започна со голема возбуда, а Змијанац уште со првите стихови покажа дека пред себе има публика што со нетрпение ја очекувала. Концертот го отвори со еден од своите најголеми хитови, „Невера моја“.

Арената беше исполнета со песна, аплаузи и емоции, а настанот се претвори во музичка вечер исполнета со спомени, љубов кон нејзините песни и почит кон нејзината петдецениска кариера.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Скопје под зимска белина: првиот снег ја најави зимата