in

Весна Змијанац блесна како снежна кралица на концертот во Скопје

Освен со песните што публиката ги сака со децении, Весна Змијанац на синоќешниот концерт во Скопје привлече внимание и со својот впечатлив изглед.

За настапот избра бела креација од Ателје Жана, богато украсена со светкави кристали, циркони и бисери. Елегантниот моден изглед одлично се вклопи со сценскиот настап, а под светлата на рефлекторите секој детал доаѓаше до израз.

Нејзиниот изглед уште повеќе се вклопи во атмосферата во Скопје, бидејќи токму вчера падна и првиот снег. Во таков спој, Весна навистина изгледаше како снежна кралица.

Ателје Жана повторно се погрижи за нејзиниот сценски изглед, а ова не е првпат пејачката да му ја довери концертната комбинација. И на претходните настапи во белградските арени се појавуваше во креации од истото ателје.

Концертот беше посебна вечер за македонската публика, која уживаше во нејзините добро познати хитови и во атмосферата што ја создаде на сцената. По пет децении кариера, Весна уште еднаш покажа зошто со години важи за едно од најголемите имиња на регионалната фолк-сцена.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Скопје ѝ оддаде почит на Весна Змијанац со голем концерт за половина век на сцената

Сабаленка сподели фотографии со вереникот, а свршеничкиот прстен вреди до милион долари