Арина Сабаленка повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не поради настапите на тениските терени, туку поради својот љубовен живот.
По шпекулациите за нејзината врска со вереникот Георгиос Франгулис, една од најдобрите тенисерки во светот објави низа фотографии од заедничко патување и покажа дека двајцата уживаат во секој момент што го поминуваат заедно.
На фотографиите се гледа дека парот се одмора далеку од секојдневните обврски, излегува навечер и создава нови заеднички спомени.
Сепак, најголемо внимание привлече еден детал – нејзиниот впечатлив свршенички прстен.
Сабаленка објави фотографија од својата рака, на која во прв план се гледа огромен дијамантски прстен од 12 карати. Тоа е уникатно парче накит изработено специјално за неа од Изабела Грутман.
Освен големиот овален дијамант, прстенот е украсен со два слоја смарагди и основа од платина, што му дава особено раскошен изглед.
Официјална цена не е објавена, но проценките се движат во широк распон. Според некои експерти, вредноста е меѓу 250.000 и 500.000 долари, а други сметаат дека може да достигне и до еден милион долари.
Георгиос ѝ предложил брак на Сабаленка на 3 март 2026 година, а таа оттогаш не го крие воодушевувањето од прстенот. Подоцна беше откриено и дека тој учествувал во дизајнот, особено во изборот на смарагдите, кои се меѓу омилените скапоцени камења на Арина.
Дека во моментов ужива во животот и е благодарна за сè што има, Сабаленка покажа и со кратката порака што ја сподели покрај фотографиите: „Се чувствувам навистина благодарна“.
На една од фотографиите таа позира со вереникот и нивното куче, а луксузниот прстен повторно е во преден план.
Според објавеното, Сабаленка и Франгулис уживаат во заедничкото време, а нивните романтични моменти уште еднаш го привлекоа вниманието на јавноста.

