in

Ајкула се појави на улиците во Њу Џерси, пливаше помеѓу поплавените куќи!

Во Сурф Сити, на Лонг Бич Ајленд во Њу Џерси, е снимена необична сцена во која мала ајкула плови меѓу поплавените куќи. Оваа појава настапила по силното невреме, кое предизвикало поплави.

На 26 септември, околу пладне, локалниот жител Дру Проџино сними ајкула како се движи по поплавената улица во неговото соседство. Во записите се забележуваат грбната перка и опашката на животното над површината на водата.

Ајкулата накратко се упатила кон приодот на една куќа, а потоа продолжила кон заливот Барнегат. Во тој период, улиците во Сурф Сити биле покриени со вода поради интензивните крајбрежни поплави.

Според Грег Скомал, истражувач на ајкули од Одделот за морски риболов на Масачусетс, станува збор за мазна кучешка ајкула, позната како „смуут догфиш“, која е честа во водите на Њу Џерси. Оваа ајкула може да достигне должина од околу 1,5 метри и не се смета за опасна за луѓето.

Необичната појава била резултат на екстремните поплави, при што морската вода навлезе во населените области, овозможувајќи на ајкулата да се најде на улиците, што не е вообичаено.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Студено утро, но потоа топло време во Македонија

Емотивната порака на Маријан Стојаноски по загубата на четиригодишниот син