in

Ако имате над 50 години, секогаш треба да ја додавате оваа состојка во вашето кафе

Ефектот на кофеинот врз организмот е честа тема на истражување, особено ако се земе предвид дека многу луѓе консумираат повеќе шолји кафе дневно од препорачаната доза.

Потрошувачката на сите видови храна, вклучително и кафето, треба да се мери за да се избегнат потенцијални негативни ефекти.

д-р. Памела Пик нагласува дека по 50-тата година многу функции во телото се забавуваат, но дека тоа може да се подобри со исхраната.

Таа смета дека во кафето треба да се додаде цимет, а во солените јадења куркума.

„Куркумата го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси во зглобовите“, објасни таа.

Куркумата со причина е наречена „кралица на зачините“, а може позитивно да влијае и на зачувување на когнитивните функции, пишува Крстарица.

Еден грам цимет дневно може да го намали шеќерот во крвта, лошиот холестерол и триглицеридите.

„Циметот има антиинфламаторно и антимикробно дејство. Го одржува нивото на шеќер во крвта бидејќи го забавува празнењето на желудникот после јадење. На овој начин спречува нагли скокови или падови на шеќер и ја подобрува чувствителноста на организмот на инсулин“, потенцира д-р Пик.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Поранешна хигиеничарка на хотели: Од овие причини никогаш не треба да пиете кафе во вашата соба

Хари и Меган не добија покана за семејниот одмор. Еве што рекол кралот