in

Автобус со 84 српски туристи излетал од патот во Бугарија

Рано утрово, на автопатот „Тракија“ во Бугарија, се случила вистинска драма кога двоспратен автобус со 84 српски туристи излетал од патот.

Туристите се враќале од одмор во Кушадаси, Турција, а инцидентот се одиграл околу 5 часот наутро, на околу 150 километри од Софија.

Според извештаите на бугарската полиција, автобусот пробил заштитната ограда и излетал надвор од коловозот по непознати причини.

Среќа во несреќа е тоа што возилото не се превртело, а сите патници успеале да излезат безбедно.

Важно е да се напомене дека, според досегашните информации, не се пријавени повредени.

Српските медиуми известуваат дека многу од патниците биле млади луѓе кои се враќале од летување во Турција.

Причините за губење на контролата над автобусот се уште не се утврдени, а надлежните служби работат на расветлување на околностите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Пожарникарите кај Омиш цела ноќ се бореле со огромниот пожар

Силен земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија: Најмалку 20 жртви и тешко страдање