Во Скопје денеска се случи сообраќајна незгода, при што автомобил излезе од коловозот и заврши во автобуска постојка.
Фотографиите од местото на инцидентот покажуваат дека возилото претрпело големи оштетувања во предниот дел, а самата автобуска постојка исто така е сериозно погодена.
Во моментов нема официјални податоци за причините поради кои возачот ја загубил контролата над автомобилот. Не е потврдено ниту дали имало граѓани на постојката во моментот на несреќата, ниту дали има повредени.
На местото на настанот ќе биде извршен увид, по што ќе се утврдат сите околности поврзани со сообраќајната незгода. Очекуваме дополнителни детали од надлежните органи.

