Манчестер Сити го продаде холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс на саудискиот клуб Ал-Кадсија за обештетување од 61 милион евра.
28-годишниот играч помина само една сезона во Манчестер Сити. Тој пристигна на „Етихад“ минатото лето од Милан и за англискиот шампион одигра 50 натпревари, постигнувајќи седум гола.
Рејндерс претходно го напушти Милан за околу 55 милиони евра, а согласно договорот, италијанскиот клуб ќе добие дополнителни 14 милиони евра.
Во Ал-Кадсија, Рејндерс ќе работи со тренерот Брендан Роџерс, а клубот продолжува да ги зајакнува своите редови по летниот трансфер на италијанскиот напаѓач Матео Ретеги.
По официјализацијата на трансферот, Рејндерс се збогуваше со Манчестер Сити и навивачите, нагласувајќи дека уживал во времето поминато во клубот и им се заблагодари на соиграчите, тренерите, вработените и поддржувачите. „Манчестер Сити секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави холандскиот фудбалер.

