Популарниот музичар Бед Бани ја покажува својата нежна страна со својата четиригодишна биглка Санса Мартинез Берлингери, позирајќи за специјалната верзија на „Dogue“ изданието на „Vogue“, посветено на кучињата. Ова издание беше објавено на 18 август.
Санса е именувана по ликот Санса Старк од популарната серија „Game of Thrones“. Бед Бани ја опишува какo силна, разиграна, нежна и малку палавa, а нивните денови се исполни со бакнежи, јадење, играње и спиење, по што повторно започнуваат од почеток.
Музичарот на шега споделил како верува дека Санса би го опишала него како строг, но грижлив „татко“, кој секогаш е подготвен да помине време со неа и да гледа телевизија.
Тие заедно направија професионална фотосесија во Порторико по завршувањето на неговата светска турнеја „Debí Tirar Más Fotos“.
Често вклучувајќи ја Санса во својот живот, Бед Бани сега привлекува внимание и со оваа фотосесија, која ја носи на страниците на познатото модно издание. Со појавата на „Dogue“, Бед Бани и Санса добија уште една интересна заедничка приказна, која ги спои музиката, модата и љубовта кон милениците.


