in

„Безбеден град“ ќе казнува и за непрописно паркирање на булеварите и крстосниците

Системот „Безбеден град“ ќе добие нова можност со која ќе се откриваат и казнуваат возачи што непрописно запираат или паркираат на булеварите и на главните крстосници низ државата. Како што најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оваа контрола треба да биде воведена најдоцна до крајот на 2026 година.

Во првата фаза камерите ќе бидат поставени на најоптоварените сообраќајници во Скопје, а потоа контролата ќе се прошири и во другите градови.

Досега оваа функција не можела целосно да се применува поради технички ограничувања, бидејќи системот не бил во состојба со доволна прецизност да разликува возило што е непрописно запрено од автомобил што стои во колона поради сообраќаен метеж.

Тошковски најави и дека во рок од еден до еден и пол месец треба да почне испраќањето известувања до возачите за регистрираните сообраќајни прекршоци. Тие ќе ги добиваат по СМС-порака или електронска пошта.

Од Министерството нагласуваат дека казни ќе се изрекуваат само кога системот со сигурност ќе утврди дека навистина е направен прекршок. Целта е да не бидат санкционирани возачи што само привремено застанале поради сообраќаен застој, а не затоа што не ги почитувале правилата.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

НАСА бара астронаути за идни мисии кон Месечината и Марс, со плата од 164.395 долари годишно

Сами сте? 11 ноември стана светски ден на самците