in

БЕЗДОМНИК НЕМА НИШТО СВОЕ, АМА НЕ САКАШЕ ДА ЗЕМЕ ТУЃО: Најде паричник полн со пари на депонија, и на сите им ја вратил вербата во луѓето!

Хаџер Ал-Али, бездомник од Амстердам, нашол паричник со 1.970 евра додека собирал конзерви за да се прехрани.

Наместо да ги задржи парите, тој решил да и ги предаде на полицијата. Тој верувал дека парите можат да му припаднат на некој што штеди за дете или на кого му требаат тие пари.

Неговата постапка ја врати вербата во човештвото, а приказната за неговото добро дело брзо се прошири.

Полицијата му додели награда од 50 евра и наградата „Сребрен палец“.

Тогаш страницата на Инстаграм Cestmocro започна хуманитарна кампања за него, при што за еден ден инкасираше 34.102 евра.

Хаџер беше благодарен, но ги прекина плаќањата со изјавата дека не сака да биде алчен и сака да си ги заработи парите.

Граѓаните го наградија со различни подароци, меѓу кои работа во фирма за асфалт, бесплатни услуги како чистење заби, маникир и педикир, нова облека, обувки, ајфон, па дури и лет за Тајланд.

Добил аплауз во супермаркетот, а со возот за Апелдорн патувал во прва класа.

Хаџер изјавил дека со собраните пари ќе изнајми куќа што ќе му овозможи подобра иднина.

Тој го истакна значењето на добрите дела и ја нагласи потребата од фонд за бездомните татковци, за да можат да обезбедат подобра иднина за своите деца.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

BMW го прекинува својот популарен модел, а слична судбина би можел да доживее уште еден

ПОРТОКАЛ ТЕСТ ГИ ПОЛУДИ ПАРОВИТЕ! Поради него се прекинуваат врските и браковите, веднаш коментираат експертите