Влезниците за повратната турнеја на групата Oasis (Оазис) се распродадени денеска за сите 17 концерти кои бендот најави дека ќе ги одржи низ Велика Британија и Ирска следното лето, пишува Би-Би-Си.
Во текот на денот, стотици илјади фанови чекаа на ред на интернет, додека други беа ставени во виртуелни „редици за пристап“, за да купат билети за првата турнеја на Oasis по 15 години.
За неколку минути откако беше пуштена во продажба утрово, некои фанови кои бараа билети за настапите на стадионот Вембли во Лондон следниот јули и август најдоа повеќе од милион луѓе пред нив во редот.



GIPHY App Key not set. Please check settings