Михаил Николоски, петнаесетгодишен младич од Битола, изврши херојски подвиг на плажа во Олимпијада, Грција, спасувајќи трочлено семејство од Бугарија затечено во силните бранови.
Неговата мајка, Јасна Николовска, на социјалните мрежи објави дека морето било многу разбранувано. Кога жената од семејството почнала да бара помош од паника, Михаил без колебање влегол во водата. Прво ја извлекол жената, потоа детето и на крајот таткото.
Неговиот смел и одлучен потег бил награден со аплауз од присутните, а семејството му се заблагодарило, подарувајќи му маска за нуркање како знак на благодарност. Подвигот на младиот Битолчанец стана познат и беше опишан како значаен херојски акт на Македонец во странство.
Mихаил докажа дека вистинскиот херој не зависи од возраста и искуството, туку од храброста и желбата да се помогне во критични моменти.


