Во последното видео на Хајп МК, истражуваме ставовите на македонските музичари за употребата на вештачката интелигенција во создавањето музика. Оваа технологија сè повеќе се интегрира во музичката индустрија и овозможува креирање на мелодии, вокали и други музички елементи.
Поставивме прашање на некои од најпознатите имиња во македонската естрада, како Бојана Скендеровски, Сара Мејс, Таско и Миле Кузмановски, и добивме интересни реакции. Поголемиот дел од нив споделуваат слични размислувања за тоа дали вештачката интелигенција е закана или пак нова можност за напредок во музиката.
Дали ја поддржуваат употребата на технологијата и како сметаат дека таа влијае на начинот на кој се составува музиката? Дознајте ги нивните одговори во најновото видео!


