Нашата пејачка Бојана Скендеровски сподели на својот Инстаграм-профил фотографија од пред 10 години, враќајќи нè во времето кога изгледала значајно поинаку. На снимката од тој период, Бојана имала кафена коса и розов кармин, а денес е препознатлива по црната коса и впечатливиот црвен кармин.
Иако нејзиниот стил е изменет, она што останува непроменето е тоа дека Бојана и денес изгледа одлично, а од фотографиите се чини дека скоро и да не се променила во последната декада.
Нејзината објава веднаш привлекла внимание, а фотографијата поттикнала интересно прашање: која верзија на Бојана ви се допаѓа повеќе – онаа со кафена коса и розов кармин или актуелната со црна коса и црвен кармин?


