in

Брачен пар посвоил мечка: Тежи над 450 килограми, јаде со нив и гледа телевизија на каучот

Светлана и Јуриј Пантеленко од Русија го посвоиле мечката Степан кога имал само три месеци. Младенчето било пронајдено во шума како плаче по својата мајка која ја убиле ловокрадци, па кога сфатиле колку е беспомошно, решиле да го однесат дома.

Оттогаш поминаа 20 години, а Степан е сè уште со нив. Иако тежи повеќе од 450 килограми и е висока преку два метри, нивната мечка се однесува како и секое друго домашно милениче. Тој седи на каучот со своите згрижувачки родители и гледа телевизија. Им помага и да ги полеваат цвеќињата, а дневно јаде по 25 килограми риба, зеленчук и јајца. Светлана и Јури велат дека Степан е многу нежен.

“Кога бил мал го пронашле ловците. Ја изгубил мајка си и бил во многу лоша состојба. Многу е друштвен и многу ги сака луѓето. Воопшто не е агресивен. Има различни таленти и сака излети”, двојката откри за Дејли Мејл.

Иако ова животно е припитомено и никогаш немало контакт со дивината, сепак има свои инстинкти. Јуриј и Светлана се свесни за тоа, па го третираат Степан со максимална почит и знаат дека нема да им наштети. 

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дали имате висок холестерол? Четири чаеви кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем

Најатрактивната жена голфер си ја отвори душата и призна: „Морав да престанам со тортурата“