Лубеницата е омилено летно освежување, позната по сочниот вкус и способноста да го хидрира телото за време на топлите денови. Меѓутоа, на оние кои внимаваат на својата фигура често им доаѓа едно прашање, а тоа е: дали лубеницата дебелее?
Лубеницата е богата со вода, дури 90 отсто од нејзиниот состав е вода, што ја прави нискокалорично овошје.
Во 100 грама лубеница има околу 30 калории, што е релативно ниско во споредба со другите овошја. Поради високата содржина на вода, лубеницата е природен диуретик, што значи дека помага да се елиминира вишокот течност од телото, намалувајќи ја надуеноста.
Иако лубеницата содржи природни шеќери, првенствено фруктоза, нејзиниот гликемиски индекс е релативно висок, што значи дека може брзо да го подигне нивото на шеќер во крвта. Меѓутоа, поради ниската калорична содржина, неопходно е да се јаде голема количина лубеница за да се внесат значително повеќе калории, што не е често случај.
Важно е да се напомене дека умереното консумирање лубеница нема да доведе до зголемување на телесната тежина. Напротив, поради високата содржина на вода и влакна, може да помогне да се чувствувате сити, намалувајќи ја потребата за консумирање висококалорични закуски. Освен тоа, лубеницата е богата со витамини А и Ц, како и со антиоксиданси како ликопен, кои помагаат во заштитата од оксидативен стрес и го одржуваат здравјето на кожата.
Значи, можеме слободно да кажеме дека лубеницата не дебелее, под услов да се консумира во умерени количини и како дел од урамнотежена исхрана. Клучот е умереноста!
Исто така, важно е да се нагласи дека експериментите како диетата со лубеница се прилично глупави, што може да предизвика голема штета. Избегнувајте вакви квази диети, без разлика што ќе слушнете за нив на социјалните мрежи.