in

Дали знаевте? Жените би ги пробале овие „жешки“ секс сцени од филмови со своите партнери

Сексот пред огледало за многумина е тајна фантазија. Можеби мислевте дека филмовите за возрасни се резервирани само за мажи, но ќе погрешите!

„Жешките“ сцени од филмовите често изгледаат тешки за имплементација или дури и непримамливи, но секогаш можат да послужат како инспирација за мали експерименти во кревет. Во продолжение прочитајте кои сцени од филмови би можеле да ги пробаат жените.

Секс пред огледало

Не постои човек кој барем еднаш во животот не се запрашал како изгледа во моментот на водење љубов. Токму затоа идејата за секс пред огледало е толку примамлива. Глетката на вашиот партнер е возбудлива, но уште повозбудлива може да биде глетката на страсно кулминација, затоа не двоумете се да ја исполните оваа фантазија.

Експериментирање со секси играчки

Секс играчките сè уште се табу тема за многу парови. Меѓутоа, жените кои, на пример, пробале да си играат со вибратор или стимулативен прстен и знаат колку таква ситница може да ги разгори страстите. Имено, помагалата докажано го подобруваат женскиот оргазам, а кога партнерот ќе ги земе во раце, доаѓа до незаборавна кулминација.

Улогата на домино

Митот дека жените сакаат да бидат пасивни во интимните моменти треба што поскоро да се заборави. Припадничките на понежниот пол и тоа како сакаат да бидат доминантни во креветот и да преземаат иницијатива и да го контролираат партнерот. Дел од таа фантазија е исполнувањето на сите желби на дамите во тој момент.

Секс со врзани очи

Со врзани очи ќе се спречи предвидливоста за време на интимните моменти. Кога не гледате и не знаете на кој дел од телото ќе „слета“ бакнеж или допир од партнерот, сите ваши сетила се будат во интензивно исчекување.

Секс на јавно место

Главна тема на многу филмови за возрасни. Станува збор за спонтан и огнен секс на оддалечена плажа или некое друго јавно место кое е доволно скриено за да им овозможи на партнерите да имаат експлозија на страст без никој да ја види.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Секое второ мало дете поминува премногу време пред екраните

Солзи и оргазам: Еве зошто некои луѓе плачат по одличен секс