Дејвид Бекам повторно ја покажа својата поддршка кон сопругата Викторија, овој пат преземајќи улога на фотограф за неа. Во текот на летниот одмор во италијанскиот Портофино, 51-годишниот Дејвид со дигитална камера ја фотографираше Викторија додека позираше покрај живописното крајбрежје.
Викторија, облечена во бел фустан со длабоко деколте, позираше пред него и, судејќи по фотографиите, изгледаше како да му давала упатства за совршениот кадар. Дејвид, вооружен со камера, сериозно ја сфатил својата задача.


