Пикси влегла во бизнис со нејзината мајка, која е ПР гуру, а сега решиле малку да го забават темпото за Пикси да биде под помал притисок. Тие продаваат разни играчки кои им донеле богатство.
Австралискиот ПР гуру Рокси Јаченко и’ помогна на нејзината ќерка Пикси (11) да се лансира во светот на бизнисот, а тие започнаа со лакови кои ја воодушевија Пикси. Девојчето од својот бизнис заработува повеќе од 120.000 евра месечно, а денес освен машнички, продава и многу различни играчки. Пикси и нејзината мајка одлучија делумно да се пензионираат.
Накратко, во текот на изминатите неколку месеци, како семејство разговаравме за бизнис плановите за иднината и одлучивме дека иако тоа беше неверојатно патување кое започна пред околу три години, време е да се фокусираме на средното училиште кое е веднаш зад аголот – објасни таа е Рокси.
Како што велат, онлајн продавницата Pixie’s Pix со играчки и додатоци за коса ќе остане, но семејството одлучило да го намали притисокот врз малечката.
Пикси минатата година добила скап мерцедес, кој со години не може да го вози, а мајка и’ и приредила забава на која потрошила 26.000 евра.



GIPHY App Key not set. Please check settings