in

Џенифер Лопез и Бен Афлек снимени на семеен ручек

Џенифер Лопез и Бен Афлек во средината на процесот на развод беа фотографирани на ручек со своите деца во Polo Lounge во Беверли Хилс.

Со Афлек беа ќерката Серафина (15) и синот Семјуел (12), а со Џеј Ло нејзините близнаци Ем и Макс (16). Децата кои се спријателиле и одлично се сложувале за време на врската и бракот на нивните родители, седеле на друга маса за време на оброкот, пишува PageSix.

Тие додаваат дека наскоро бившите сопружници прво енергично се расправале во автомобилот, а подоцна се држеле за рака и се бакнувале на масата.

Фотографите ја снимиле и Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Афлек, која по ручекот заминала со своите деца.

Во август, Лопез побара од судот да и го смени презимето од Џенифер Лин Афлек во Џенифер Лин Лопез, бидејќи таа го земала презимето Афлек кога се венчале.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Принцот Хари наполни 40 години и веднаш му „легнаа“ 8,5 милиони

ФОТО: Роберт Дауни Џуниор позираше со сопругата на „Еми“ наградите