Овен – На самиот почеток на оваа недела ќе бидете многу активни, комуникативни, актуелни и многу полесно ќе можете да завршите се што ќе започнете. Околностите на љубовното поле се поволни доколку имате на ум конкретна освојувачка акција, вашата енергија и личен шарм ќе бидат многу забележливи.
Биĸ – Желбата и волјата за деловен ангажман и професионално докажување ќе бидат многу присутни, а вие ќе бидете на висина на задачата, бидејќи истовремено сте полни со енергија и ентузијазам, но и одмерени и стабилни во комуникацијата. Искористете ги деновите што претстојат за да ја зацврстите вашата емотивна врска и да внесете доволно позитивна енергија.
Близнаци – Обидете се да ја сочувате работната енергија и вишокот адреналин на најдобар можен начин, бидејќи некои работи можеби нема да одат како што сте замислиле. Некој сериозно ќе се интересира за слободните Близнаци и ќе се обиде да ги освои. Тоа може да биде тајна љубов или личност од минатото.
Paĸ – Денот е просечен, па очекувано е без многу брзање да се посветите на завршувањето на обврските од претходниот период. Посебно внимавајте на можна средба со стара симпатија или драга личност која долго време не сте ја виделе, а која би можела да ве фрли во сериозна дилема.
Лав – Иако ве очекуваат голем број обврски и разни договори, потрудете се малку да тактизирате, не одете на првата топка и не донесувајте ненадејни одлуки бидејќи нема потреба од тоа. Немојте да бидете изненадени од желбата на старата љубов да го обнови контактот, па еве можност да се занимавате со таа тема. Прашањето е што всушност сакате.
Девица – На Девиците им претстои поволна работна недела. Успешно ги завршувате сите обврски и најкомплицираните ситуации. Не мерете кој колку љубов и внимание дал и колку некој се труди, уживајте во моментот без дополнителна анализа.
Baгa – Ви претстои напорна недела, треба добро да се организирате и се ќе биде во ред. Не треба да се сомневате во искреноста на чувствата што ви ги покажува саканата личност. Неопходно е да се разговара за се отворено.
Cĸopпиja – Самиот почеток на неделата може да донесе некои нови компликации, во деловниот процес може да се воведат некои нови технолошки процедури кои донекаде ќе ви ја нарушат секојдневната рутина. Зафатете се со убавите работи и суштината на вашата врска, израдувајте се со некој убав знак на внимание. Знаете како да угодите.
Cтpeлeц – Обидете се да ја избегнете замката на избрзани одлуки и потези, особено кога станува збор за комуникација со колегите. Посветете се на саканата личност, дајте му убав знак на внимание и уживајте во добра и опуштена атмосфера.
Japeц – Ќе биде прилично турбулентно на деловниот фронт на Јарците. Треба да направите големи промени, особено во комуникацијата и организацијата. Не избрзувајте, но време е да започнете барем еден директен љубовен потег или барем разговор со личност која веќе некое време ви се допаѓа.
Boдoлиja – Водолиите ги очекува прилично активен ден, од сите страни ќе пристигнат обврски, а во последен момент ќе имате голем број промени во договорите, па наоружајте се со трпение. Друштвениот живот е зајакнат, па се очекува денеска да се најдете во друштво на заеднички пријатели, роднини и да уживате.
Pиби – Погрижете се вашиот инаку напорен почеток на работниот ден да не се расипе со несогласувања и недоразбирања со деловното опкружување. Бидете тактични и трпеливи. Можности за нови познанства и уживање во флерт и неврзан разговор ви доаѓаат од деловното опкружување или преку пријателите. Уживајте.



GIPHY App Key not set. Please check settings