in

Доув Камерон и Дамијано Давид се венчаа во Тоскана – тајната свадба откриена!

Американската актерка и пејачка Доув Камерон и италијанскиот музичар Дамијано Давид, поранешен фронтмен на групата „Манескин“, стапија во брак на интимна церемонија во Италија.

Двојката се венчала на 24 септември во историското градско собрание во Монталчино, во Тоскана. За овој специјален ден, двајцата избрале елегантни светли комбинации. Доув носела бел костум со впечатлива наметка, додека Дамијано имал крем костум со свилена марама.

По церемонијата, младенците размениле бакнеж пред насобраните фотографи и фанови.

Свадбата била организирана со многу внимание, во приватна атмосфера, во присуство на семејството и блиските пријатели. По граѓанската церемонија, прославата продолжила на приватен имот во Тоскана, каде присуствувале повеќе од 200 гости.

Љубовната приказна на Доув и Дамијано започнала во 2023 година, а во февруари 2024 година тие официјално ја потврдиле врската со појавување на црвениот тепих.

Во јануари 2026 година, парот објави дека се свршени. Дамијано ја запросил Доув во нивниот дом во Лос Анџелес, а интересен факт е дека тој сам учествувал во дизајнирањето на нејзиниот свршенички прстен.

За венчаницата, Доув соработувала со модната куќа „Валентино“, а дизајнот вклучувал свилен сатен, слоеви од шифон и впечатлив четириметарски вел декориран со кристали и монистра во форма на соѕвездија.

Со венчавката во Тоскана, 30-годишната Доув Камерон и 27-годишниот Дамијано Давид ја крунисаа својата љубовна приказна, а нивниот интимен италијански брак веднаш привлече внимание во јавноста.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актерка ненадејно запира снимање на филм за возрасни, продукцијата шокирана од причината

ПАНИКА ПОРАДИ ЧАД ВО КАБИНАТА – Авион принудно слета во Португалија, тројца патници во болница!