Дуа Липа повторно ги воодушеви своите обожаватели, но овој пат не со музика, туку со спектакуларна вештина која ја покажува за време на одморот.
Популарната пејачка објави фотографии од своето време покрај море, а најмногу внимание привлече моментот кога стои на глава на даска за веслање во вода.
Оваа поза, наречена Sirsasana, спаѓа во сложените јога позиции, а дополнителен предизвик е што Дуа ја изведува на нестабилна површина. Поради оваа вештина, фановите останаа зачудени од нејзината рамнотежа и контрола.
Под објавата, коментарите од обожавателите доаѓаат во голем број, со изрази на восхит и неверување за нејзината способност да ја одржи рамнотежата во таква положба. Некои ја опишуваат како „лудо добра“ и се восхитуваат на нејзината физичка подготвеност.
Очигледно, Дуа не ја запоставува својата фитнес-рутина ни на одмор. Покрај јогата, таа ужива и во сончање, веслање и забави со пријатели, со најверојатно локација во Грција.
За Дуа Липа, ни морето не претставува пречка за тренинг, а нејзината последна егзибиција со јога дефинитивно ги остави фановите без зборови.


