in

Европа на нозе по дојави за бомби; авионите пренасочени, два британски аеродроми под закана!

Европскиот авијациски сообраќај се соочи со значителни нарушувања поради повеќе дојави за наводно поставени бомби во авиони. Изминатите денови, многу летови биле принудени да ги променат своите маршрути, а некои авиони биле пренасочени на други аеродроми.

Два големи британски аеродроми, Хитроу и Бирмингем, исто така добиле закани, но надлежните ги оценија како неверодостојни, по што редовното функционирање продолжи без прекини.

Безбедносните служби, исто така, се занимавале со неколку инциденти поврзани со летови на европските авиокомпании. Меѓу нив се и авиони на „Рајанер“, „Ер Лингус“, „Визер“, „Финеир“ и „ЛОТ“, при што дел од летовите биле пренасочени, а некои добиле придружба од воени летала.

Еден значаен инцидент се случил со летот на „Ер Лингус“ од Даблин кон Рим, кој наместо на предвидената дестинација слетал во воена база во северна Франција. Во авионот имало 151 патник и шест членови на екипажот, сите безбедно ги напуштиле леталото.

Три лета на „Рајанер“ кои патувале кон Софија имале проблеми, два од нив слетале во бугарската престолнина, додека третото било пренасочено кон Пловдив. За време на овие летови, ангажирани биле и воени авиони за придружба. По извршените проверки, не биле пронајдени сомнителни предмети.

Европските институции продолжуваат да ги следат настаните и разменуваат информации во врска со безбедноста на авионскиот сообраќај. Сè уште не е утврдено дали заканите се дел од координирана акција или пак, се независни инциденти.

Иако досегашните проверки не откриле никакви експлозивни направи, серијата на дојави предизвика голема загриженост и доведе до засилени безбедносни мерки на повеќе европски аеродроми.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Јелисавета Сека Саблиќ се приклучува на серијата „Алапаче“!

Владо Георгиев ја доби Октомвриската награда, истакнувајќи дека е голема чест да биде меѓу великани