Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше мета на хејтерите кои го критикуваа нејзиниот изглед, а таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Да потсетиме, фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка. „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две пред-тинејџерки, активно момче, едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња … Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Таа се посвети на семејството
Да потсетиме, Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки Валентина (14) и Сиена (11), додека со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.



GIPHY App Key not set. Please check settings