Една година пред Олимписките игри во Пекинг 2008, германскиот спортист во кревање тегови, Матијас Штајнер, се соочи со голема лична трагедија по загубата на својата сопруга, Сузан, во сообраќајна несреќа во јули 2007 година.
И покрај оваа тешка загуба, Штајнер не се откажа од тренинзите и си постави цел – да освои олимпиското злато во чест на покојната сопруга. Кога пристигна во Пекинг, тој се подготви за еден од најзначајните настапи во својата кариера.
Во категоријата над 105 килограми, по успешен обид со 203 килограми „кинење“, Штајнер мораше да подигне дури 258 килограми во последниот обид за да дојде до златото. Успеа! Со вкупно 461 килограм, тој ја освои златната медала за Германија.
На победничкиот пиедестал, Штајнер направи еден од најнепоновливите моменти во историјата на Олимпијадата. Додека ја примаше медалата, извади фотографија од својата покојна сопруга и ја притисна до срце, бакнувајќи ја, додека солзите му течеа по лицето. “Се надевам дека ме виде… Би сакал”, изјави тој по освојувањето на златото.
Тази емоционална сцена остана запаметена како една од најупечатливите во олимпиското кревање тегови. За Штајнер, златото не беше само спортски триумф, туку и исполнување на ветувањето дадено на неговата сопруга.


