Познатата актерка и манекенка реши по повеќе од две децении љубов да стави точка на врската со таткото на нејзините деца и за прв пат отворено проговори за се.
Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој на домашната публика и е познат по улогите во популарните теленовели „Страст“, „Бура во срцето“, „Украдена среќа“, „Триумф на љубовта“ и други, како и по појавувањето во спотот на Џенифер Лопез за песната „I’m Into You“ веќе некое време интригира со неговиот љубовен живот.
Тој помина повеќе од две децении со манекенката и актерка Елизабет Гутиерез, со која ги има синот Кристофер Александар Леви и ќерката Кејли Александра Леви, а парот објави дека се разделува во 2022 година.
Тие никогаш не биле формално венчани, па немаат случај за развод пред себе, а во меѓувреме наводно и дале нови шанси на својата љубов. Сепак, не вредеше – честите неверства на Вилијам неповратно ја нарушија нивната врска.
Елизабет Гутиерез најмногу молчеше на озборувањата за партнерот и таткото на нејзините деца, а неодамна даде интервју за магазинот HOLA!, во кое отворено зборуваше за се.
Тој секогаш ќе биде сакан
- Секогаш верувам во мојата врска. Го сакав Вилијам. Мислам дека не е тајна дека тој беше љубовта на мојот живот и секогаш се обложував на нас, сакав да покажам какви сме навистина – истакна таа.
- Во моментов не сме заедно. Што се однесува до мене, љубовта никогаш не изостанала – објаснила Елизабет.
- Мислам дека не сум истата девојка како пред 20 години, кога ме запозна. Во овој момент сакаме различни работи. Секогаш ќе го сакам, секогаш ќе му посакувам се најдобро и секогаш сум велел – без разлика дали сум со него или не, сакам да го видам среќен – изјавила актерката и модел.
Со години се пишуваше за бројните љубовници на Вилијам Леви, а анонимен извор пред неколку години за мексиканските медиуми изјави дека Вилијам ја изневерувал мајката на своите деца со повеќе од 80 жени. Познати се неговите врски со актерката Жаклин Бракамонтес (Марибел од „Руби“), како и со колешката Химена Наварете, со која глумеше во теленовелата „Бура во срцето“.
Елизабет не сакала детално да зборува за неверството на нејзиниот поранешен животен партнер, но истакнала дека „се заљубила во неговата насмевка“ и дека работите не можат да се променат.
- Има работи кои, ако не се променат, те менуваат тебе. Тоа беше опцијата што требаше да ја изберам – изјави таа.
„Се чувствувам како да преживувам.
На прашањето дали верува дека сè уште е можно помирување, Елизабет одговорила дека препушта се на повисока сила и дека се потпира на својата вера за да ја води низ тешките времиња.
- Навистина чувствувам дека во овој момент сум сред океан и дека преживувам – објасни таа. – Моите деца се во мир со се бидејќи Вилијам е одличен татко и не им недостига нашата љубов, така што тие се добро и ќе бидат добро. Очигледно, ова не е идеално за никого, но работите се случуваат и мора да продолжите. Мора да покажете дека дури и кога се чувствувате поразени на некој начин, треба да ја држите главата горе и да продолжите понатаму.
Таа додаде дека на нивните одлуки никогаш не влијаеле други и дека не се разделуваат од „површни причини“.
- Моите одлуки се мои. Јас ги носам. Знам дека – и затоа ме гледате смирен и среќен – не можев да дадам повеќе. Му дадов се – заклучила таа.



GIPHY App Key not set. Please check settings