in

Го започна своето патување и го виде бродот на нејзиниот татко од авионот, она што тој го направи допре многумина

Тиктокерката Камил Зеа тргна на патување во Европа од Лос Анџелес, а нејзиниот татко и приреди изненадување кое многумина ги расплака.

Девојчето објави видео од авион кој лета над Тихиот Океан, а потоа го зумира чамецот со кој управувал нејзиниот татко. Бродот почнал да изведува необичен маневар – се движел во облик на фигура осум, а со тоа создал симбол на бесконечноста.

„Бесконечност пати бесконечност. Ти благодарам тато“, напиша девојката покрај видеото.

@camillezea Infinity times infinity. right back at ya dad❤️🥹 #CapCut #fyp #europe #dad #fatherdaughter #ocean #plane ♬ Sweet Disposition – The Temper Trap

Пораката која таткото и ја испратил на својата ќерка трогна многумина, а видеото е прегледано повеќе од 8,5 милиони пати и собрало 1,4 милиони лајкови и бројни коментари.

Ова ме расплака

„Убава“, „Ова ме расплака“, „Љубовта не познава граници“, „Би скокнал од авион да го гушнам“ и „Можеме ли да видиме како изгледа тато? се некои од коментарите.

Инаку, девојката подоцна во видеото покажа како изгледа нејзиниот татко Марк, а многу тиктокери го пофалија во коментарите.

@camillezea Replying to @MisfitZach ♬ original sound – camillezea

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Колку вода треба да пиете ако сакате да изгубите тежина?

Хороскопски знаци кои се секогаш нервозни пред да заминат на патување