Потрошувачката на вода е клучна за да останете здрави, а нутриционистот и диететичар Сушми Џаисвал препорачува пиење помеѓу четири и осум чаши вода дневно, земајќи ги предвид факторите како возраста, полот и тежината.
Меѓутоа, кога станува збор за слабеење, работите се менуваат, а во тој случај потребно е да се пие многу повеќе вода од вообичаено, пишува Експрес, а пренесува Нет.хр.
За време на процесот на слабеење, препорачаната количина на вода може да варира, но бројни студии покажаа дека мажите треба да пијат од десет до 13 чаши вода, а жените од осум до девет чаши, со цел водата да има значително влијание врз нивното слабеење.
Водата дава чувство на ситост!
Сушми, исто така, тврди дека ако пиете вода пред јадење, ќе се чувствувате сити и ќе консумирате помалку калории, што на крајот ви помага да изгубите тежина.
„Доколку пиете една до две чаши вода пред оброк, тоа има извонреден ефект врз слабеењето бидејќи тогаш имате тенденција да јадете помалку храна“, рече таа.
На овој начин го намалувате апетитот и ја спречувате можноста за прејадување, а за возврат губите килограми. Често се случува да почувствувате глад, што всушност е знак дека сте жедни, па изборот на чаша вода наместо ужина понекогаш може да биде се што му треба на вашето тело, а ќе спречите и непотребно грицкање.
Што ако не ви се допаѓа вода?
„Истражувањата покажуваат дека поединците кои пијат две чаши вода пред оброците имаат тенденција да губат тежина побрзо во споредба со оние кои не пијат. „Водата игра клучна улога во дистрибуцијата на хранливите материи до сите клетки во телото, што ја прави неопходна за процесот на слабеење“, вели диететичарот.
Ако не сте љубител на обична вода, се препорачува да додадете лимон или бобинки во водата за да ја направите водата повкусна, што би ја направило идејата за пиење повеќе вода попривлечна.
GIPHY App Key not set. Please check settings