Во Венеција се среќаваат неколку фактори кои предизвикуваат празнење на каналите – недостаток на дожд, полна месечина, морски струи.
Зимските месеци без дожд предупредуваат дека Италија може да се соочи со нова екстремна суша.
На Алпите годинава има половина снег од вообичаено, велат научниците и еколошките здруженија, а пренесува The Guardian. Венеција е доказ дека има исклучително малку врнежи. Некои канали се суви, во други водата едвај се гледа. Гондоли лежат во калта.
Да потсетиме, минатото лето, во јули, Италија беше погодена од најтешката суша во последните 70 години и беше прогласена катастрофална состојба.



GIPHY App Key not set. Please check settings