in

И нас ни осамнува: Научниците велат дека до 2033 година роботите ќе ги извршуваат поголемиот дел од домашната работа

Во рок од една деценија, околу 39 отсто од времето поминато на домашна работа и грижа за најблиските би можело да се автоматизира, велат експертите, а пренесува Би-би-си.

Научниците од Велика Британија и Јапонија побараа од 65 експерти за вештачка интелигенција (ВИ) да ја предвидат количината на автоматизација на вообичаените домашни работи за десет години.

Експертите предвидуваат дека купувањето на намирници најверојатно ќе има најмногу автоматизација, додека грижата за младите или постарите е најмалку веројатно да биде засегната од вештачката интелигенција.

Истражувањето е објавено во списанието PLOS ONE.

Научниците од Оксфорд и јапонскиот универзитет Очаномизу сакаа да дознаат какво влијание може да имаат роботите врз неплатената домашна работа.

„Ако роботите ќе ги преземат нашите работни места, дали барем ќе го извадат ѓубрето наместо нас?“, прашаа тие.

Роботите „домаќински“, како што се роботските правосмукалки, „станаа најпроизведуваните и најпродаваните роботи во светот“, забележаа научниците.

Тимот побара од 29 експерти за вештачка интелигенција од Велика Британија и 36 експерти за вештачка интелигенција од Јапонија за нивните предвидувања за роботите во домот.

Експертите од Обединетото Кралство беа пооптимисти за домашната автоматизација во споредба со нивните колеги, додека ситуацијата беше обратна во Јапонија.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Година на пресврт за Alfa Romeo

Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот